Офшор шема зад намерата за преземање на „Макпетрол“

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Непријателските“ преземања на акционерски друштва се права реткост во Европа. Намерата на компанијата „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ на овој начин да ја преземе сопственоста врз нафтениот гигант „Макпетрол“ најверојатно е прв ваков случај во Македонија, информира Телма.

 

makpetrol_zgrada_od_strana_0

Токму затоа, ова ќе претставува вистински тест за македонската легислатива и за надлежните институции. Според професорот на Правниот факултет во Скопје, Горан Коевски, законската регулатива во овој дел е усогласена со европската. За разлика од САД, каде „непријателските“ преземање се секојдневие, европскиот модел на корпоративно управување е прилично ригиден во овј сегмент, вели Коевски.

– Има едно искуство, сега не знам за кој точно случај се работеше, каде што во Германија при еден таков обид на американска компанија за преземање на германска компанија, дури и германските власти и политичари се изјасниле: „Не е ова дивиот американски запад за да можете да правите што сакате, на препад да преземате компании. Сепак, тука има друга правна и економска традиција и заради тоа се многу ретки таквите случаи.

Доколку биде објавена понуда за преземање на „Макпетрол“, секој акционер има право да одлучи дали ќе ја прифати или не, но во текот на постапката својата работа мора да ја завршат и институциите и раководството на компанијата, објаснува Коевски.

-И органот на управување на целното друштво, во конкретниов случај на Макпетрол, има право да даде свој став и мислење во поглед на тоа кој е преземачот, да ги извести вработените за тоа кои се неговите намери со вработените, со натамошните вработувања итн., но конечната одлука сепак ја носи акционерот до кој што е упатена понудата.

Целиот текст може да прочитате тука