Сеопфатниот офталмолошки преглед е важен не само за грижата за очите и видот, туку и за целокупното здравје.
Очните прегледи можат да идентификуваат рани знаци на инаку асимптоматски болести како што се дијабетес, хипертензија и други кардиоваскуларни проблеми, автоимуни болести како мултиплекс склероза, ревматоиден артритис и дисфункција на тироидната жлезда, па дури и тумори на мозокот.
Според офталмолозите, постои една работа која никогаш не треба да ја правиме.
„Една од најлошите работи која луѓето можат да им ја направат на своите очи е да гледаат директно во сонцето. Дури и краткото изложување на сонце може да предизвика оштетување на визуелните фоторецепторни клетки во очите, што резултира со соларна ретинопатија“, изјавила д-р Мишел Холмс за Parade.
Соларната ретинопатија е вид на оштетување на ткивото на мрежницата што може да остави мртва централна точка во видот на една личност.
Покрај слепа точка во централниот дел на видот, други симптоми на ретинопатија може да вклучуваат чувствителност на светлина, заматен вид, тешкотии со гледање во потемни услови, тешкотии со гледање или разликување на одредени бои и нарушување на видот.
Соларната ретинопатија е почеста кај децата (чии очи сè уште немаат развиено способност да ги блокираат UVB зраците), но може да ја добијат и возрасните и е многу штетна.