ОГАН објавува анкети со предност на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, а е регистрирано на домашна адреса и без контакт телефон

од Nikola Popovski
356 прегледи

Здружението ОГАН (Организацијата за граѓански активизам и независност), кое редовно објавува анкети со предност на кандидатите на ВМРОДПМНЕ во однос на другите, е основано минатата година во мај, регистрирано на домашна адреса во Ченто, без контакт телефон и веб– страница, информираат од „А1он“.

Од медиумиот ја посетиле куќата, која според податоците на Централниот регистар е нивно седиште, но никој не отворил врата.

Според последното истражување на ОГАН, најголема доверба граѓаните имаат во Данела Арсовска, за која се изјасниле  19.3 отсто од испитаните граѓани.

Зад неа е актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат на СДСМ, Петре Шилегов, за кого се изјасниле дека ќе гласаат 17,4 отсто од граѓаните кои учествувале во анкетата.

Претходно, во друго истражување тие објавија дека лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски ужива најголема доверба меѓу граѓаните со 15,7 отсто, додека премиерот Зоран Заев во моментов има поддршка од 13,4 отсто од граѓаните.

 

Слични содржини