Огнена драма во Тетово: Пламен проголта куќа, едно лице повредено

од Марта Пешевска
59 прегледи

Регионалниот Центар за Управување со Кризи – Тетово информира дека денеска изби пожар во куќа на улицата Јордан Златановски бр.32. Во гаснењето на пожарот моментално интервенираат шест пожарникари со две противпожарни возила. Според првичните информации, едно лице се здобило со лесни телесни повреди и е пренесено во тетовската болница за укажување на лекарска помош.

Причините за настанувањето на пожарот засега не се познати, а надлежните служби ќе спроведат истрага по целосното локализирање на огнот. Состојбата се следи внимателно, а јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошниот развој.

Слични содржини