Огненовски во „Топ Тема“: Јас можам да одговорам како сакам и имам свој стил не ми наметувајте зборoви

од Берта Китинска

Јас можам да одговорам како сакам и имам свој стил не ми наметувајте зборoви, јас сметам дека инфраструктурата не е најголем проблем во Битола туку проблемот е економијата , иселувањето на малдите, криминалот во Битола…му возврати независниот кандидат за општина Битола, Јорго Огненовски, на новинарот на „Топ Тема“ откако  неговиот говорот беше прекинат со објаснување дека треба да се држи на поственото прашање на темата во врска со проблемот со инфраструктурата во градот .

Огненовски веднаш му реплицираше: Немој да ми кажувате дека прашањето  е конкретно јас сaкам увод да си дадам сега вие ли ќе ми кажувате како треба, возврати Огненовски.

Откако започна одбројувањето на превиденото време новинарот му се заблагодари, Огненовски повторно возврати:  Што ми велиш благодарам сега времето ми истече и немојте да водите на дебата како вие што сметате дека треба ќе ми го дадете времето кое е за мене предвидено.

Слични содржини