Ограбен 20-годишник во Аеродром

Младиот скопјанец бил нападнат и ограбен во два часот по полноќ

од Nikola Popovski
89 прегледи Фото: МВР

20-годишен скопјанец нападнат и ограбен на паркинг простор во близина на угостителски објект во Аеродром за време на новогодишната ноќ.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (05.01.2026) во 10:10 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(20) од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.