Ограбен Борче Стаменов – човекот кој донираше стотици компјутери

од Vladimir Zorba
624 прегледи

Утрово во 3.59 се обиени канцелариите на „Донирај Компјутер“ во Кавадарци, соопшти Борче Стаменов, човекот кој има донирано стотици компјутери и со тоа помогна на многумина кои не се во можност да си го дозволат тоа.

Според него, украдени се 4-5 Леново лап топа, 6-7 Apple Mac book pro и повеќе нови (20-25) ССД дискови од 120гб.

„Имаме снимки кои треба да ги прегледаме утре во полиција и опис на лоповот. Ако некој ви понуди нешто за продавање од споменатите работи или видите оглас, ве молам да ми пишете. Кавадарчани ве молам да споделите и да помогнете да се најде сторителот. Срамота е да се краде од иницијатива како нашава, срамота!!“, сподели Стаменов.

Слични содржини