Ограбена бензиска, Србин се тепал, разбојништво, ограбена куќа, лажно пријавил дека бил ограбен…

од desk3
100 прегледи

На 09.02.2016 година во 18.19 часот во ЕИК-Скопје Г.Р. пријавил дека на ул.„Кемал Сејфула“ во бензинска пумпа Макпетрол, дошло непознато машко лице вооружено со пиштол и со сериозна закана врз вработените одзело торби со пари, а потоа се упатило кон ул.„Дижонска“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

policija-noke-520x358
На 09.02.2016 година во 22.00 часот во ПО-Чашка поради сторено кривично дело „телесна повреда“ приведен е српскиот државјанин Д.П. (41). Над истиот е извршено алкотестирање при што се констатирани 1,85 промили алкохол. За настанот е запознаен Основен јавен обвинител.

На 09.02.2016 година, во 17.30 часот во ПС Центар У.Ш. (28) пријавил дека на 08.02.2016 година, во 20.00 часот на бул. „Крсте Мисирков“ на автобуска постојка З.Н. со употреба на физичка сила извршил разбојништво над него. Притоа му бил одземен мобилен телефон и 370 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Фатени и протерани бугарки-“џебџики”, краделе по автобуси…

Во период од 30.01.2016 година до 09.02.2016 година во Тетово во куќа сопственост на К.А. (25) непознат сторител влегол во куќата и од ташна одзел златен накит при што е причинета материјална штета од околу 500.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И. (34) од с. Копанце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. Пријавениот лажно пријавил дека на 07.01.2016 година во Тетово на ул. „Борис Кидрич“ му било извршено разбојништво.