Ограбена куќа на играч на Баерн додека играл против Барселона

од Nikola Popovski
197 прегледи

Куќата на Томас Милер, фудбалер на Баерн Минхен, е ограбена на натпреварот помеѓу минхенскиот клуб и Барселона во второто коло од Лигата на шампионите.

Баерн ја победи Барселона со 2:0, а Германецот ги одигра сите 90 минути за Баерн. Неговата куќа во Отерфинг била ограбена околу 22 часот, пренесува германски „Билд“.

„Во вторникот вечерта неколку непознати лица ограбиле куќа во Отерфинг и одзеле пари, накит и вредни предмети чија вкупна вредност се проценува на околу 500.000 евра“, соопшти локалната полиција, но не го идентификуваше сопственикот.

Сепак, „Билд“ тврди дека играчот на Баерн бил ограбен, а Милер за грабежот дознал по завршувањето на натпреварот, поради што не дал изјава.

Најмалку двајца провалници успеале да побегнат пред да пристигне полицијата и „и покрај опсежните претреси“, засега нема никакви траги до провалниците, соопшти тамошната полиција.

Слични содржини