Ограбена црквата „Константин и Елена“ на улица „Македонија“

од Nikola Popovski

МВР информира дека била ограбена недовршената црква „Константин и Елена“ која се наоѓа во строгиот центар на Скопје, на улица „Македонија“.

Според полицијата, грабежот се случил во периодот меѓу 14-ти и 18-ти јануари.

-На 20.01.2022 во 09.40 часот било пријавено дека во временскиот период од 14.01. до 18.01.2022 на ул.„Македонија“ во црквата „Константин и Елена“ со употреба на сила било влезено во црквата и биле одземени предмети.

Се работи на расчистување на случајот, соопштија од МВР.

 

Слични содржини