Ограбени мигрант во Ваксинце и продавница во Бутел, тепачка и бодење во Куманово…

од desk3
101 прегледи

Tetovo-policija.jpg
На 26.04.2016 година околу 12.00 часот во с.Ваксинце, општина Липково, неколку непознати лица извршиле разбојништво врз А.Т. од Сирија. А.Т. излегол од Прифатниот центар Табановце да оди во продавница во с.Ваксинце, но по пат бил пресретнат од сторителите кои, заканувајќи му се по неговиот живот, му побарале пари. Откако им рекол дека нема, сторителите физички го нападнале и му одзеле 10 евра и 2.400 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
На 26.04.2016 година околу 21.30 часот во маркет во населба Бутел во Скопје, две непознати маскирани лица, со закана со оружје, од вработените одзеле пари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Одложен почетокот на судскиот процес за случајот „Ќелија“

На 26.04.2016 година околу 13.00 часот во Куманово, пред кафе бар на ул. „11-ти Ноември“ настанала физичка пресметка помеѓу С.А. (22) и Љ.Ш. (20), двајцата од с.Оризари и петнаесетгодишник од с.Слупчане, од една страна и неколку непознати лица од с.Слупчане, од друга страна. Во физичката пресметка едно лице извадило нож и му нанело повреди на С.А. во пределот на главата, а Љ.Ш. го повредил на десниот лакт. Повредените биле пренесени во болницата во Куманово, од каде поради сериозноста на повредите С.А. е пренесен во Клинички центар Скопје, а Љ.Ш. по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.