Ограничувањето на трговските маржи ќе продолжи до крајот на годината

од Nikola Popovski
195 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска информираше дека одлуката на Владата за ограничување на маржите на основните прехранбени производи во трговијата на мало и на големо, ќе биде продолжена до 31-декември оваа година.

-Веќе донесовме одлука како Влада да се ослободи увозот на сурово млеко од Турција и други држави кои имаат поголеми капацитет за увоз на сурово млеко што се преработува во нашата држава и после се продава како финален производ. Тие мерки кои имаат рок до крајот на септември ќе бидат продолжени до крајот на годината од страна на Министерството за економија во делот на одредување на трговски маржи. Веќе се прави анализа во делот на Секторот за трговија какво влијание имале мерките и дали треба нивно редизајнирање. Ќе разговараме дополнително во текот на оваа и наредната недела со Стопанската комора за нивни дополнителни барања и можностите со кои ние располагаме во моментов и можеме да излеземе во пресрет. Во делот на ограничување на маржите, можам да кажам дека тие ќе продолжат до крајот на годината, рече Бектеши.

Слични содржини