419
Една од најпознатите манекенки во светот, Хајди Клум, редовно привлекува внимание со своите провокативни изданија.
Нејзините стајлинзи се секогаш главна тема, а сега таа повторно го маѓепса светот со необична креација која ја носеше.
Имено, германската манекенка присуствувала на премиерата на филмот „Малата сирена“ во Лос Анџелес, а за таа прилика избрала необичен фустан.
Предниот дел беше во форма на голема пеперутка, додека задниот се влечеше и беше со отворен грб, изработен од проѕирен материјал во комбинација со нежни бои.
Хајди уште еднаш успеа да се надмине себеси и да стане главна тема, а настанот на кој присуствуваше за момент го остави во сенка.