Огромна тага кај мајката на Вања: Животот ми се претвори во пекол, несфатливо е зошто моето девојче сега е во гроб

од Nikola Popovski
392 прегледи

Мајката на малата Вања, Зорица Ѓорчевска го прекинала молкот по убиството на нејзината ќерка и дала изјава после шокантниот настан што ја вознемири целата домашна јавност, но и пошироко. Таа во изјава за српска „Република“ посочила дека во моментов дека сè уште не знае зошто се случило сето ова.

-Сè уште го чекам епилогот. Сè уште не ми е јасно зошто мојот најнормален живот се претвори во пекол. Просто ми е несфатливо како и зошто моето прекрасно девојче сега е во гроб. Имам хронична болест, но се држам, важно ми е да ја знам вистината. Другата ќерка моментално е болна, сите се надеваме дека ќе биде добро, изјавила Зорица.

Мајката се уште не сака да се изјасни за сопругот за кого тврди дека биле во добри односи.

– Велам дека ништо не знам. Сето ова ми е нереално. Веќе пет години сме разведени и не знам што правеше и со кого. Бевме во добри односи поради децата. Не се расправавме за старателство, за воспитување, можеше да ги гледа кога сака или кога сакаат децата, рекла Зорица.

Таа понатаму навела дека не знае дали нејзиниот поранешен бил во коцкарски долгови, бидејќи не му се мешала во животот.

– Не знам и не ме интересираше неговиот живот. Мојот живот беа моите деца и мојата работа. Беше оставен на мира, за да ме остави и мене на мира. Секогаш кога разговаравме, зборувавме за децата, кажала мајката на убиената Вања, додавајќи дека има најголема можна доверба во полицијата.

Вања Ѓорчевска беше киднапирана и убиена на 27-ми ноември, а меѓу петмината осомничени е и нејзиниот татко.

Слични содржини