Огромно откритие на египетските археолози: Пронајдени 20 саркофази (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Во египетскиот град Луксор археолозите пронашле повеќе од 20 дрвени саркофази.

Саркофазите, со уште видливи траги од светли бои, откриени се во некрополата Асасиф, која се наоѓа на западниот брег на Нил. Биле наредени во два реда, едни над други.

Египетското министерство за антиквитети ова откритие го нарекло „едно од најголемите и најважните во последните неколку години”.

Министерството ќе објави повеќе детали за ова неверојатно откритие на прес-конференција во сабота.

Слични содржини