Државниот загубар Охис ќе замине во стечај откако Владата направи 13 неуспешни обиди да го продаде-јави 24 Вести. Поранешните вработени од оваа компанија денеска повторно излегоа на протест пред Владата, велат дека сега ги изгубиле сите надежи дека ќе ги добијат заостанатите 24 плати.

Според нив до Основниот суд е поднесена пријава за поведување стечајна постапка. Заедно со Охисовци денеска протестираа и стечајците од „Треска“ од каде 530 работници бараат обештетување, како и поранешните вработени во „Алумина“.
Бараат државата да го продаде имотот на компаниите и да им ги исплати платите што ги одработиле.