Во Охрид и Струга денеска се одржува настан за поддршка на лицата со ретки болести.
-Трчаме и весламе за лицата со ретки болести за кои не постои терапија во светот. Успешен спортски ден во Охрид и во Струга. Спортисти, пријатели, роднини и поддржувачи на лицата со ретки болести во Охрид на Охрид трчаТ денес повторно подадоа рака за подигање на јавната свест за потребите на пациентите со со ретки болести, велат организаторите.
Во Струга, пак кајакарите од Спортско-рекреативниот клуб „Соларис“ и хотел „Боград Apartments and lounge station“ од Струга со поддршка на Ретки болести Охрид, прв пат годинава веслаа и пратија порака за пациентите со ретки болести дека не се невидливи и не се сами.
Тимбилдингот на ретките на Охрид трчаТ беше поддржан и од вработените во Министерство за здравство.
-И оваа година трчаме но и за прв пат веславме за лицата со ретки болести за кои не постои терапија во светот. Од 8000 ретки болести во светот, само за 5 отсто постои некаква терапија која ќе им го подобри квалитетот на живот. Додека се истражуваат лекови единствен начин да им се помогне на семејствата кои се соочуваат со дијагнози за кои нема лекови е да се обезбедат социјални услуги и вклучување во сите сфери на животот, изјави Гордана Лолеска.
-Трчавме и веславме за подобри услови за рехабилитација (физичка и психичка), за психолошка помош и поддршка, за навремени и точни информации, за физиотерапија во соодветни услови во сите градови, за дневни центри во кои децата може да се дружат, за воведување на подобри услови за клинички студии, за compassionate use на лекови..Трчаме, весламе и почитуваме мерки, нагласи таа.