Охрид полн за новогодишните празници

од desk2
94 прегледи

Главниот туристички центар пулсира во духот на Новогодишните празнувања. Чаршијата раздвижена како никогаш досега, во кафулињата се бара место плус.Од утринава започна славењето во локалите и баровите, а главната забава е вечерва на плоштадот каде под отворено небо илјадниците домашни и странски туристи новата година ќе ја дочекаат заедно со Даниел Кајмакоски. Вљубениците во Охрид очекуваат врвна забава до раните утрински часови.

„Јас сум од Дубровник и доаѓам тука првпат. Добив многу убави коментари за Охрид и јас и мојата сопруга одлучивме оваа нова година да ја поминеме тука. Дојдовме да уживаме и навистина е така. Се ми се допаѓа“ – вели турист од Хрватска.

„Ја сум првпат во Охрид инаку доаѓаме од Ниш. Многу е убаво се ни се допаѓа. Вечер ќе сме на плоштад и очекуваме добра забава“ – вели гостин од Србија.

„Ми се допаѓа затоа што се е спокојно, луѓето се многу добри гостопримливи и сигурен сум дека ќе поминеме одлична вечер.“

Програмата која ја нуди градот се до крајот на јануари е разновидна и за сечиј вкус. Градот е подготвен да ги угости достоинствено сите гости. Нашите граѓани со различни желби, но една заедничка новата 2018 та да биде подобра од онаа која изминува. Во главно посакуваат Охрид во 2018 та да се издигне во туризмот и да понуди подобар живот за младите.

И најмалите имаат свои желби. Охрид оваа година нуди извонредна програма се до 20 ти јануари. Чоколадна улица, фестивал на вино, маскенбал трка на келнери, многу забава, концерти изложби и театар на отворено. Хотелите се букирани до последно место, а угостителите очекуваат плодна зимска сезона./24 Vesti