132
Во соопштение до медиумите, организацијата Охрид СОС алармира за непреземањето мерки за да се спречат градежните активности во Охрид во области каде што урбанизацијата не смее да продолжи.
„Ароганцијата на задолжените во владата на оваа „на ти го – дај ми го“ држава си го допуштила комодитетот да покажат среден прст на Центарот за светско наследство, експертските тела на ИУЦН и ИКОМОС и Комитетот за светско наследство. Бидејќи во оваа небиднина, поважно е да се наполни својот и џебот на Мијалков, Илоски, Усеини… (дополнете согласно наоѓање), одошто да се зачува 1,5 милиони години старо езеро“, предупредуваат од СОС Охрид. „А вие, продолжете мирно да молчите“, велат од Охрид СОС.