Охрид, Венеција и Будимпешта на листата на загрозено светско наследство на УНЕСКО

од Nikola Popovski
382 прегледи

Покрај Охрид, и Венеција и Будимпешта би можеле да бидат ставени на списокот на УНЕСКО за загрозено светско наследство, а трговското пристаниште во Ливерпул може да се отстрани од списокот на светско наследство заради пребрзиот развој, објави организацијата на ООН за образование, наука и култура (УНЕСКО).

Препораките на советничките тела на УНЕСКО беа објавени пред состанокот на Комитетот за светско наследство, што ќе се одржи во Фужоу, Кина, од 16 до 31 јули и на кој ќе се одлучи за можно прифаќање на тие препораки.

Во Венеција влијанието на масовниот туризам е еден од критериумите поради кои УНЕСКО побара градот да се стави на списокот на загрозено светско наследство.

Кога станува збор за Будимпешта, погодени се бреговите на Дунав и областа на замокот Буда, дворскиот комплекс на унгарските кралеви. Станува збор за ненавремено рушење и голема изградба на особено високи згради кои ја менуваат природата на тие историски места.

Комитетот за Светско наследство е длабоко загрижен од заклучоците на Реактивната мониторинг мисија, која смета дека високите објекти близу до езерото, слабиот архитектонски квалитет на изграденото (посебно во поголемите градови Охрид, Струга и Поградец, но и долж брегот надвор од градовите), и несоодветната и претерана употреба на крајбрежјето за туристичка инфраструктура, имаат големо негативно влијание на универзалната вредност на Охридскиот Регион.

Во врска со Македонија, Комитетот смета дека е направено премалку да се запре уништувањето на урбаниот и поширокиот пејзаж со несоодветни конзервација, реконструкција и развој.

Слични содржини