Македонската амбасадорка во Велика Британија, Катерина Ставреска беше во посета на Бакингемската палата каде оставри средба со Кралот Чарлс Трети со кого разговарале за дипломатските односни, културниот развој како и пријателството меѓу македонскиот и британскиот народ.
Амбасадорката на Кралот Чарлс Трети му поклони охридски бисер и бисерни плочки за кошула, изработени специјално за кралот и кралицата на Британија. Со овие подароци кои се заштитен знак за Охрид и Македонија, ја покажаа длабоката почит и вредност која нашата земја ја посветува на одржувањето на своите традиции и уметничко наследство.
За неговото височество Кралот Чарлс Трети беа изработени копчиња за кошула од бисерни плочки гравирана со иницијали со посебна рачна техника и поставени во украсна филигранска уметничка контура.
За нејзиното височество Кралицата Камила се изработи бисерен ѓердан во три реда со брош од бисерна плочка гравирана со ликот на кралицата на основа од оникс поставен на филигранска уметничка контура.