353
Поддршка до лицата со ретки болести и нивните семејства. Ние сме исти, сакаме да се запознаеме со вас, ве сакаме и почитуваме, порачаа денеска членовите на Нуркачкиот центар „Акватек“ кои го осветлија Охридското Езеро во боите на „ретките“.
Нуркачите на овој начин се вклучија во националната кампања за осветлување на знаменитости и културно историски споменици со цел подигнување на свеста и запознавање со ретките болести.
Езерото е осветлено кај старата дрвена шина за кревање на бродовите за репарација и одржување кај Сараиште.