182
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.Л.(41) со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
Лицето неовластено ги искористило средствата, па против него ќе се поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „затајување“.
– Тој на 21 септември годинава неовластено ја употребил банкарската картичка сопственост на 86 – годишна жителка на Англија, со привремен престој во Охрид, за која се грижел и без нејзино знаење, извршил повеќе парични трансакции. Со тоа пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.700.000 денари – информираат од СВР Охрид.