Охриѓанец почина по разговор во полициска станица

од Nikola Popovski
91 прегледи

Седумдесет и петгодишен маж од Охрид (Ј.А.) почина по службен во разговор во полициската станица во овој град, информираат од полицијата.

-На 23.06.2025 во 16.40 часот во полициската станица Охрид, откако полициски службеници извршиле службен разговор со Ј.А.(75) од Охрид, на излезот од објектот на лицето му се слошило и со Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Охрид, стои во полицискиот билтен.

Во 17.20 часот, Ј.А. починал, а лекар констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.