Охриѓанец се обидел да убие свој сограѓанин со нож

19-годишник обвинет за обид за убиство

од Nikola Popovski
20 прегледи Фото: МВР

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.A.(19) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Тој, на 14.09.2025 во 05.10 часот, во продажен објект, а потоа и надвор од објектот, лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, со нож го нападнал Х.С.(20) од Охрид.

Напаѓачот веднаш е лишен од слобода, а повредениот со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во Охрид за укажување на помош.