Охриѓанец заврши во болница по експлозија на плинска боца

од Nikola Popovski
47 прегледи

Плинска боца експлодирала во куќа во Охрид, при што едно лице е повредено, соопштија од Охридската полиција.

На 10.08.2024 година во 16,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа сопственост на С.П. од охридското село Велгошти, при испуштење плин од неисправна плинска боца, настанала експлозија.

-Притоа, И.С.(58) од Охрид, кој го испуштал плинот, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По насоки на Јавен обвинител увид на местото извршија полициски екипи, стои во билтенот на СВР Охрид.

Слични содржини