ОИ во Токио: Блажевска Еминова победи во квалификациската трка

од Nikola Popovski

Македонската олимпијка и пливачка Миа Блажевска Еминова оствари најдобар резултат во втората квалификациона трка во дисциплината 100 м. слободно, на ОИ во Токио. Таа го освои првото место со време од 57 секунди и 19 стотинки. Во најлош случај, во вкупниот генерален пласман, пливачката би била на 48-место, од вкупно 52 пријавени пливачки.

15-годишната Миа ја постигна Б-олимписката норма пред нешто повеќе од еден месец, на Меѓународниот пливачки митинг во Белград. Таа постигна време од 57:13 и со тоа го сруши македонскиот младински рекорд. Со тој резултат освои вкупно 741 ФИНА бод што ја прави најдобра пливачка во Македонија.

Слични содржини