ОИК му врачи уверение на Куртовски

од Vladimir Zorba

По објавувањето на Заклучокот на Државната изборна комисија за известување за конечност на резултати од гласањето за Избор за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, кандидатот Медат Куртовски и официјално стана нов градоначалник. На пригодна свеченост во седиштето на општината, нему му беше врачено уверението за избран градоначалник.

Претседателката на Општинската изборна комисија, Ивана Ѓорѓиовска заедно со членовите на ОИК, остварија средба со Медат Куртовски, кандидатот на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, на која тој им се заблагодари на ангажманот во изборниот процес.

– Сакам најсрдечно да им заблагодарам на претседателката и членовите на Општинската изборна комисија за успешно реализираниот изборен процес. Во оваа прилика се заблагодарувам и на вработените во општината за топлиот пречек. Продолжуваме понатаму заедно за доброто на нашата општина, рече Куртовски.

Медат Куртовски раководеше со Општина Маврово и Ростуше еден мандат и се кандидираше во два наврати, но еднаш заради немање цензус и непријавување на против кандидат изборите се повторија. На последните избори тој освои 3.266 гласови, односно 60.53 отсто од излезените гласачи

Слични содржини