ОЈО бара продолжување на краткотрајниот притвор за 16 лица

од Nikola Popovski
20 прегледи

Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот. Извршени биле разговори со 71 лице.

Во вчерашниот претрес во општина Кочани се обезбедуваше документација поврзана за дискотеката. Исто така биле претресени и службени простории на државен советник во рамки на Министерството за економија. По нивно разгледување и анализа ќе следи одлука дали ќе се поведе постпака и против сега веќе екс-градоначалникот на општината, Љупчо Папазов.

На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој сè уште трае.

Првиот човек на Републичкото јавно обвинителство, Љупчо Коцевски вчера информираше дека има уште три лица кои што се хоспитализирани и по нив не може сега да се постапува имајќи во предвид дека се во болница. Две лица се тука во земјава, а едно е надвор, додаде тој. Информира дека кога медицинскиот персонал односно надлежните лекари дека ќе може со нив да се изврши разговор, тогаш јавниот обвинител ќе постапи.

Меѓу лицата во притвор се екс-министерот за финансии, Крешник Бектеши и екс-директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

Во трагичната несреќа повредени се 196 луѓе, а починаа 29. Обдукцијата на починатите е завршена.

Слични содржини