ОЈО Гевгелија поднесе 14 казнени налози за непочитување на полицискиот час

од Берта Китинска
270 прегледи

Основното јавно обвинителство од Гевгелија поднесе 14 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 19 лица, обвинети за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Јавното обвинителство.

Полициски час

– Сите обвинети не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во и околу Гевгелија без да поседуваат дозвола за движење, велат од Обвинителство.

За секој од обвинети лица, јавните обвинители му предложија на Судот да изрече парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 10 евра во денарска противвредност.

Слични содржини