ОЈО го истражува случајот со сефовите во „Шпаркасе“

од desk2
279 прегледи

Основното јавно обвинителство постапува по пријавата за наводна кражба на пари и вредни предмети од сефови во Шпаркасе банка.


Пријавата е заснована на изјавите на две лица кои тврдат дека во нивните банкарски сефови недостигаат пари и вредни предмети, соопштуват од Основното јавно обвинителство.

ОЈО додаваат дека пријавата веднаш била дадена на работа на дежурен јавен обвинител, кој во насока на расветлување на случајот издал наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот и барање за обезбедување податоци и документација од банката.

Истовремено, издадена била и наредба за вештачење на материјалните траги подигнати на лице место, а во моментов се проверува кој сѐ имал пристап до трезорот со сефови на банката.