ОЈО изврши увид на опожареното возило на пратеникот Ристески

од Nikola Popovski
249 прегледи

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место на локацијата каде во текот на ноќта беше опожарен автомобил во сопственост на пратеникот Петар Ристески.

По наредба на јавниот обвинител беа подигнати траги од лице место кои ќе се вештачат со цел да се утврдат причините за инцидентот. Јавниот обвинител издаде и наредби за обезбедување на евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти во критичниот момент на опожарување на возилото.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки објави дека ова е кукавички чин.

-Ова е напад на пратеник и ова е сериозен удар и назадување во демократијата. После насилството во Собранието со фрлање живото-загрозувачки предмети кон колеги, и ова ќе влезе во извештајот за напредокот кон ЕУ. Ниту ќе исплашите некој, ниту ќе го разубедите во вашите сценарија, напиша Ковачки на социјалните мрежи.

Слични содржини