Продолжува истрагата за пожарот во дискотеката во Кочани. Полицијата и Обвинителството ги бараат виновниците, кои не презеле доволно мерки за да се спречи овој трагичен настан. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани во текот на ноќта донело Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани. Најавуваат прес-конференција во 12 часот.
Основното јавно обвинителство информираше за возраста на трагично загинатите 59 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Податоците се доставени до ОЈО од Институтот за судска медицина. Во големата трагедија животот го загубија и шест малолетни лица на возраст од 16 и 17 години. 31 лице се погребани од Кочани.
Полициските службеници, инаку раководни лица во Секторот за внатрешни работи Штип и Полициската станица од општа надлежност Кочани, се осомничени за кривичното дело тешки дела против општата сигурност. Триесет дена притвор им е одреден на сите седуммина полициски службеници против кои Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска отвори истрага, а во врска со трагедијата во Кочани.
По наредба на Основното јавно обвинителство Кочани приведени се поранешните градоначалници на Кочани Николчо Илијев, Ратко Димитровски, како и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов. Меѓу приведените се и екс-министерот за економија, Крешник Бектеши и екс-директорот на ДПИ, Горан Трајковски.
Македонија во тага. Денови на жалост. Помина најтешкиот ден во историјата на државата. 59 жртви и 196 повредени во страшниот пожар во дискотеката во Кочани. Светот сочувствува со земјава.