ОЈО кое ја истражува смртта на аболицираниот Коста Крпач денеска информираше дека испратиле барања за собирање на документација и податоци до Кривичниот суд, СЈО и МВР.
Од ОЈО велат дека се уште се работи на расветлување на причините за смртта на Крпач, бидејќи ги немаат комплетирано сите документи.
ЕК одобри безвизен режим за Турција, без таа да ги исполни и половина критериуми
Во меѓувреме ги чекаат и податоците од Институтот за судска медицина, односно резултатите од дополнителното вештачење кое го побара ОЈО-Скопје. Обвинителството досега не соопшти дали станува збор за убиство или самоубиство како што првично беше објавено.
