Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против службено лице од МВР. Во соопштението се вели:
“По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице вработено во МВР, а за сторено кривично дело – Незаконито влијание врз сведоци, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презеде сите потребни дејствија за утврдување на фактите во предметот.
Притоа е утврдено дека постои основано сомнение дека осомничениот го сторил кривичното дело што му се става на товар, односно дека со нудење поткуп влијаел на едно лице, а со цел лицето да се појави како сведок во постапка пред суд и да даде исказ во определена насока.
Денеска надлежниот обвинител, по завршување на постапката и целосно расветлување на настанот, до надлежниот Основен суд Скопје 1 – Скопје поднесе Обвинителен предлог против обвинетиот за сторено кривично дело – Незаконито влијание врз сведоци од член 368- а, ст. 1 од Кривичниот законик.”
Провладините медиуми посочуваат дека полицаецот наводно будел до 100.000 евра на лице кое требало лажно да сведочи за дискредитација на екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска во случај кој бил работен од Специјалното јавно обвинителство
