ОЈО постапува по случајот за уапсениот советник на Спасовски

од Vladimir Zorba
116 прегледи

  Основното јавно обвинителство – Скопје дава насоки и постапува по предметот за уапсениот функционер на Министерството за внатрешни работи, со иницијали Д.С., кој се сомничи за злоупотреба на службената должност.

Се очекува во текот на денов Јавното обвинителство да излезе со повеќе информации за случајот.

Од Министерството за внатрешни работи засега не кажуваат новини за приведувањето на нивниот функционер Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

По налог на Основното јавно обвинителство Д.С. вчера попладне беше приведен во полициската станица Кисела Вода, под сомнение за сторено  кривично дело по член 353 од Кривичниот законик „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Дел од медиумите неофицијално објавија дека Д.С, бил уапсен за мито .

– Ако се случило незаконско работење, тука нема реконструкција, тука има кривични пријави и истраги пред обвинителството, изјави неодамна  премиерот Зоран Заев.

Посочи дека се прави преглед на сите резултати и активности во последните 10 до 12 месеци.

„Ако се случува незаконско работење, тука нема реконструкција, тука има кривични пријави, истраги пред обвинителството и готово. Се работи за еден преглед на сите резултати и активности во еден пресек од 10 до 12 месеци, каде што можеме да видиме дали сме задоволни, пред се граѓаните, и сите ние прво одговорни, кои што очекуваме граѓаните да дадат свој коментар за луѓето кои ги поставиле на овие високи и одговорни
извршни функции – истакна неодамна премиерот Зоран Заев.
– Да, прво ќе има реконструкција затоа што пред сè ќе расте бројот на пратеници во пратеничката група. Разговараме со дополнителни пратеници. Мислам дека треба да овозможиме стабилизирање на парламентот, од повеќе аспекти, јас се надевам дека и опозицијата ќе се врати брзо во парламентот, но и вкупниот број на пратеници од парламентарното мнозинство би требало да биде посоодветен, за да може да нема вакви прекини на седниците, паузи, собирање на пратениците или слично. Верувам дека ќе успееме со тоа, а поради тоа ќе се случи секако и реконструкција – рече Заев

Според него, од прегледот треба да се види задоволството од работата на новата Влада од страна на граѓаните. Заев тогаш кажа дека очекува граѓаните да дадат свој коментар за луѓето кои се поставени на високи и одговорни извршни функции.