ОЈО потврди- 5 лица уапсени за случајот „Фабрика за афери“

од desk3
82 прегледи

ОЈО и официјално се произнесе по информациите дека денеска биле уапсени братот и сетстрата на Захир Бекири Чаушот за тајната работилница за фалсификување документи.

licni-karti-594x320

“По барање на Основното јавно обвинителство – Скопје и по издадена наредба од надлежен суд утринава беше извршена координирана акција за наоѓање на нови дополнителни материјални докази во предметот кој во јавноста е познат како „Фабрика за афери“.

Приведени братот и сестрата на Чаушот, се товарат за фалсификување лични карти

Претресот е извршен на повеќе локации во Скопје и околината, при што се пронајдени и одземени: компјутер, хард диск, огнено оружје, материјали и документација. Одземени се и други докази што ќе бидат предмет на натамошна анализа.

Во акцијата спроведена утринава од слобода се лишени 5 лица.”- стои во соопштението на ОЈО