Обвинителството побара притвор за осомниченото лице од скопско Стајковци кој на 14 мај со удари по главата ги уби својот брат и снаата од друг брат. Судија на претходна постапка изрече мерка притвор во траење од 30 дена.
„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице осомничено дека сторило кривични дела – убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Против лицето беше поведена истражна постапка откако на 14 мај, при вршење семејно насилство, во семејниот дом во Стајковци, тој со умисла ги лиши од живот својот брат и снаата.
Осомничениот прво ја нападнал снаата, удирајќи ја повеќе пати со метална шипка по главата, а потоа го пресретнал и братот на кого исто така со шипката му нанел смртоносни повреди.
По настанот осомничениот беше хоспитализиран. Бидејќи со подобрување на неговата здравствена состојба постои опасност тој да се даде во бегство, јавниот обвинител оцени дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на истрагата, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување таква мерка“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.
МВР исто така соопшти дека го расчисти овој случај и дека поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство, а дека судија на претходна постапка му изрече притвор во траење од 30 дена.