Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски денеска информира дека две супервештачења од Србија и Словенија ги потврдиле сомневањата дека на Клиниката за онкологија терапиите не биле давани според протоколите за болестите. Истрагата обезбедила докази дека на Клиниката се вршеле злоупотреби и проневерени, особено со скапат биолошка терапија.
Коцевски ги уверуваше пациентите од Онкологија дека на Клиниката има и чесни професионални кои совесно си ја работат работата. Според него, предметот мора да биде лекција за сите надлежни и одговорни за да се зафатат со унапредување на протоколите на сите здравствени установи во Македонија.
Шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски информираше дека ова е најсложениот предмет во неговата досегашна работа. Има кривични дела „проневера во службата“ и „измама во службата“, како и кривични дела против „здравјето на луѓето“.
Предметната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска информира дека против ќе има обвинение против две лица – медицинскиот и организацискиот директор на Клиниката кои го довеле во заблуда ФЗО да изврши незаконита исплата. Набавувале лекови на реверс без да постои валиден правен основ, при што за покривање на реверсите, спроведувале постапки за јавни набавки бидејќи биле беспредметни. Без комплетна и вистинита документација, обвинетите овозможувале варификација на реверсите преку јавните набавки.
Според обвинителката, девет пациенти не земале дел од терапијата.