ОК на ВМРО во Илинден: Се оградуваме од постапките на градоначалникот Стојановски

од Nikola Popovski
215 прегледи

Општинскиот комитет Илинден на ВМРО-ДПМНЕ во целост се огради од постапките и делувањата на Стојановски, како и од неговите изнесени ставови, по повод вчерашниот прес одржан од т.н. иницијативен одбор за „Промени во ВМРО- ДПМНЕ“, на кој што беше присутен и актуелниот градоначалник на општина Илинден Жика Стојановски.

„Сметаме дека истите се водени од личен интерес и се во спротивност со политиките на партијата и комитетот. Во таа насока истакнуваме дека не подржуваме вакви активности и постапки кои се во спротивност со статутот на партијата и истите ги осудуваме. Воедно напоменуваме дека ОК Илинден работи и функционира согласно статут, деловник, програмски документи како и донесените одлуки и утврдените политики од страна на органите на партијата: Центалниот комитет, извршниот комитет и Претседстелот на партијата“, се вели во реакцијата од ОК Илинден.