711
Оклахома утрово го совлада Далас со 100:96 во четвртиот натпревар од второто коло на плејофот во НБА лигата. Резултатот во серијата стана израмнет – 2:2. Најпродуктивен играч на средбата беше кошаркарот на Оклахома Сити Шаи Гилгеус-Александер, кој постигна 34 поени.
Лидерот на Маверикс, Лука Дончиќ постигна трипл-дабл од 18 поени, 13 скока и 10 асистенции, но и тоа не беше доволно да се избегне поразот.
Петтиот меч во серијата ќе се одигра на 16 мај на паркетот во Оклахома.
На првиот натпревар одигран ноќта понеделник кон вторник Бостон селтикс го совлада Кливленд кавалирс со 109:102. Селтикс водат со 3:1 во серијата прв до четири победи.