Околу 1.300 лица се водат како исчезнати по поплавите во Германија

од Берта Китинска

Околу 1.300 лица се водат како исчезнати во германскиот округ откако најсилниот дожд на векот предизвика смртоносни поплави што уништија делови од Западна Европа, пренесува Си-Ен-Ен.

Брзи поројни води преплавија цели градови и села во западна и јужна Германија, предизвикувајќи згради да се срушат и да ги остават жителите заробени, пишува Си-Ен-Ен

Повеќе од 50 лица беа убиени во Германија, додека осум беа убиени во Белгија, но се очекува бројот на жртвите да се зголеми. Холандија и Луксембург исто така беа погодени од поплави.

Најтешко се погодени германските сојузни држави Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц, а се смета дека 1.300 лица се водат за исчезнати во Арвилер, соопштија локалните власти.

Сепак, тие веруваат дека многу од оние што се водат како исчезнати, сè уште не можат да пријават поради оштетените мрежи на мобилни оператори. „Во некои области, не сме виделе толку многу дожд во последните 100 години“, Андреас Фридрих, портпарол на германската метеоролошка служба , изјави за Си-Ен-Ен.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е „шокирана од катастрофата што погоди толку многу луѓе“.

Слични содржини