Околу 1117 здравствени работници со договор на дело ќе добијат трајно вработување

од Nikola Popovski
348 прегледи

Околу 1117 здравствени работници вработени со договор на дело ќе добијат решение за постојано вработување. Ова денеска го истакна министерот за здравство, Фатмир Меџити. Според него, завршени се сите апликации од јавните здравствени установи и се поднесени во Министерството за здравство.

Следно што треба да се добие е согласност од Министерството за финансии, МИОА и Фондот за здравствено осигурување.

-Макотрпно работиме и со крајни напори за да се заврши работата пред да бидат изборите. До крај ќе се изборам за ова да биде реалност. Законот дозволува сите да конкурираат. Овој број не е доволен, но сепак се изборивме. Нема да престанеме тука и подинамично ќе продолжиме во наредниот период, кажа Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.

Во земјава околу 2 500 здравствени работници меѓу кои медицински сестри, лаборанти, физиотерапевти и административци работат низ болниците со договор на дело без здравствено и пензинско осигурување и за минимална плата. Ова се дел од причините што голем дел од медицинскиот кадар ја напушта земјава за да работи во странство. Според последните податоци на Македонското лекарско друштво, за една деценија Македонија изгубила 2.000 лекари.

Слични содржини