Околу 20 илјади работници сè уште не добиле плата за ноември

од Nikola Popovski
283 прегледи

Околу 20 илјади работници сè уште не ја добиле ноемвриската плата според пресметката на УЈП заклучно со втори декември, информираше денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска. И додека на некои примањата не им ги покриваат основните трошоци за живот, овие 20 илјади семејства празниците ги поминуваат без денар.

Според состојба за последни уплати на 29 декември 2023 година обработени на втори јануари 2024 година поднесени, прифатени и платени конечни пресметки има за 60.400 работодавачи што се однесуваат на 535 636 вработени лица, додека прифатени и неплатени пресметки има за 4.441 работодавач, односно 10 921 вработено лице, а неподнесени и неприфатени пресметки има за 5.534 работодавачи коишто се однесуваат на 9 680 вработени лица, истакна Лукаревска, на заедничка прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Царинската управа Стефан Богоев.

Во споредба со октомври, кога имало 541.467, бројот на вработени е намален за 6 илјади.

Слични содржини