Околу 200 лица сослушани во врска со случајот Навални

од Stefanija Kuzmanovska

Руското Министерство за внатрешни работи на Сибирскиот округ соопшти дека полицијата сослушала околу 200 лица во врска со случајот со Алексеј Навални.

Се додава дека вработените во Фондот за борба против корупција повторно се сослушуваат.

Како што беше наведено, соработниците на сообраќајната полиција спроведоа широк спектар на истражни дејствија, а сослушани беа и граѓаните кои биле во контакт со Навални или биле сведоци на неговиот престој во Томск и регионот Томск, како и некои од патниците кои летале во истиот авион со него. пренесува ТАСС.

На Навални му се слошило на 20 август за време на летот од Томск кон Москва, а авионот во кој бил итно слетал во Омск.

Навални бил пренесен во болница, каде паднал во кома, а неговите приврзаници тврдат дека тој бил отруен од нешто што му било истурено во чајот на аеродромот.

 

Слични содржини