Околу 200 македонски државјани се наоѓаат во Израел, проценуваат од МНР

од Nikola Popovski
182 прегледи

На територијата на Израел и загрозените подрачја се проценува дека престојуваат меѓу 100 и 200 наши државјани, информираат од Министерството за надворешни работи. Од кризниот штаб формиран во МНР велат дека очекуваат да се пријават или да бидат пријавени од нивните блиски во контакт центрите на земјава.

За повеќе информации, на располагање се СОС дежурните телефони на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378

Нагласуваат дека МНР преку Кризниот штаб и дипломатско-конзуларната мрежа, воспоставил директна комуникација и координација со земјите од регионот на Блискиот исток и Југоисточна Европа, со цел искористување на сите расположливи летови и враќање на нашите државјани, за што е пратена и итна инструкција до дипломатско-конзуларната мрежа на Република Северна Македонија, во двата региона.

Министерот Бујар Османи е во директна комуникација со неговиот израелски колега Ели Коен и изрази целосна осуда за нападите од страна на Хамас, како и поддршка за Израел.

Околу 1.100 луѓе се убиени во Израел и Газа од почетокот на големиот координиран напад на членовите на палестинската екстремистичка група Хамас во саботата наутро.

Потоа следеа израелски воздушни напади врз стотина цели во Газа, а еве трет ден како продолжуваат ракетните напади на југот на Израел.

Слични содржини