Околу 300.000 луѓе во Сирија мораа да ги напуштат своите домови по земјотресот

од Radmila Tasevska
171 прегледи

Повеќе од 298.000 луѓе во Сирија мораа да ги напуштат своите домови по разорниот земјотрес, изјави денес министерот за локална администрација и животна средина Хусеин Махлуф, пренесоа државните медиуми.

Тој рече дека бројот на жртвите од земјотресот досега се искачи на 1.262, а 2.258 лица се повредени во делови на Сирија кои се под контрола на сириската влада, пренесе Си-Ен-Ен.

Нашата земја не е во состојба да се справи со вакви катастрофи, особено поради загубата на 50.000 градежни машини и опрема поради војната, што ни е очајно потребно во оваа катастрофа, рече Махлуф на прес-конференција во Дамаск, пренесоа државните медиуми.

Махлуф рече дека владата отворила 180 засолништа за раселените лица.

„Не ја негираме тежината на ситуацијата во однос на расположливите можности. Времето влијаеше и на спасувачките операции и обезбедувањето помош, но и покрај тоа хуманитарниот персонал и лекарите не се двоумеа да обезбедат сè“, додаде тој.

На територијата на цела Сирија во разорниот земјотрес што ги погоди таа земја и Турција загинаа најмалку 2.530 лица.

Слични содржини