Околу 400 тужби за државна измама се поднесена во Германија против германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти денеска германското Обвинителство.

merk_1858936c

Федералното обвинителство во Карлсруе потврди дека примило 400 тужби против канцеларката, но не прецизира за нивната содржина.

Весникот „Тагесшпигел“ наведува дека  поголемиот број од тужбите се поднесени од улттрадесничарските организации поради одлуката на Меркел да им овозможи влез на мигрантите во Германија.

Во весникот има и формулар за лицата кои би сакале да поднесат тужба против Меркел.

„Тагесшпигел“ наведува дека тужбите немаат никаква шанса да имаат судска разрешница.

Државна измама се смета само кога нејзиниот извршител употребил сила или дејствувал со закана со сила. /MIA

Слични содржини