Околу 450 Авганистанци се очекува да пристигнат во државава

од Берта Китинска
242 прегледи

До крајот на неделава зависно од околностите на аеродромот во Кабул, се очекува да пристигнат и најголем дел од 450-те граѓани од Авганистан кои треба да бидат прифатени во земјава.

– Според информациите, Македонија беше меѓу првите, ако не и прва земја, која сама пристапи на САД и понуди помош за овие луѓе кои се под опасност по доаѓањето на талибанскиот режим во Авганистан, рече портпаролот  Муамет Хоџа.

Напомена дека не постои ризик од мигрантска криза, ниту пак, како што потенцира, оваа хуманитарна операција треба да се поврзува со Прифатниот центар за странци или мигрантските кампови на северната и јужната граница од нашата држава, туку е дел од голема светска хуманитарна акција.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека сами се понудиле да преземат и споделат дел од одговорноста, човечноста и хуманоста по целосното заземање на Кабул од страна на талибанските сили.

– Се работи за луѓе кои биле поддржувачи на сојузничките армии, вклучително и на нашата армија во Авагнистан. Се работи за миротворици, активисти за човекови, новинари, жени, студенти, интелектуалци, луѓе на кои треба да им помогнеме во услови кога се под страв да им бидат одземени животите, појасни Заев, отфрлајќи ги сите шпекулации за бран на бегалци или можни териристи или какви било застрашувања кон државата.

Премиерот Заев посочи дека ќе ги прифатат сите овие граѓани, кои доаѓаат со однапред пријавени листи со нивните податоци. Тоа, појасни, се луѓе кои биле асистенти на ОН и членови на нивните семејства, на Националниот демократски институт, на Фондацијата Отворено општество, на Капата на националните организации на САД – НЕТ.

Покрај потврдените 450 авганистански државјани кои треба да стигнат во државава, Заев вели оти е можно да се јават дополнителни 50, 70, 90 луѓе и оти јавноста ќе биде информирана.

Слични содржини