Околу 500 луѓе заглавени на аеродром во Јапонија по разорниот земјотрес

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Околу 500 луѓе се заглавени на паркингот на аеродромот Ното во Јапонија, откако зградата на терминалот претрпела големи оштетувања во вчерашниот силен земјотрес, во кој загинаа 30 лица.

Патниците чекаат во автобуси и други возила, а им се обезбедени храна и ќебиња, јавува јапонската јавна телевизија NHK.

Земјотресот предизвика неколку пукнатини на пистата долга и до 10 метри.

Официјални лица рекоа дека аеродромот ќе биде затворен најмалку до четврток, бидејќи работниците за поправка не можат да стигнат до аеродромот поради големата штета на патот.

Неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше 7,6 степени според Рихтеровата скала, ја погодија во понеделник јапонската префектура Ишикава, на брегот на Јапонското Море.

Слични содржини